• Иван Димовски

Одбојкарите на Македонија го отворија Еврошампионатот во Скопје според планот, со воведна победа над Данците од 3-1. Сега пред избраниците на Јошко Миленковски е нов предизвик, кој ќе биде со иста важност како и првиот.
По победата над Данска, своето размислување го изнесе Филип Деспотовски. Македонскиот репрезентативец во свој стил се пошегува дека тој и соиграчите знаеле дека ќе го добијат дуелот.
„Не знам што мислевте, знаевме дека ќе победиме. Одигравме тежок меч, прв и тоа веројатно го прави најтежок на турнирот. Нема калкулации, многу сум среќен за овој триумф. Ние сме поквалитетен противник од Црна Гора, многу е важно што тие се втор ривал, со два дена пауза и ќе бидеме одморени наместо да играме понатаму на турнирот. Ќе бидеме подобри од натпревар во натпревар, јас кажав и пред ЕП, зошто да не ја победиме и Чешка“, изјнави Деспотовски.
Следниот натпревар од второто коло против Црногорците е закажан за в сабота во терминот од 20:00 часот.