Деспотовски напаѓа „двојна круна“ во Црна Гора и ќе игра во ЛШ

Македонскиот репрезентативец Филип Деспотовски има нов клуб и кариерата ќе ја продолжи на Балканот каде ќе го носи дресот на црногорска Будва.

Искусниот 35-годишен техничар се договори со екипата по крајот на Европското првенство и се согласи да биде дел од проектот. Будва има подмладен тим со доста промени, а ова лето екипата ја напуштија осум одбојкари, но за нив се донесе замени.

Будва е фаворит за двата трофеја во Црна Гора, а исто така ќе игра и во Лигата на шампионите која ќе ја стартува на 6 октомври со меч против загрепски Младост.

Деспотовски во кариерата играше уште и за ПАОК (Грција), Анагениси Деринеас (Кипар), Аркада Галаци (Романија), Тјумен (Русија), Динамо Букурешт (Романија), Томис Костанца (Романија), Залау (Романија) и Работнички (Македонија).