• Мартин Танасковски
Силниот одбојкарски турнир „Бранко Хаџииљоски-Чајка“ од раководството го најави и генералниот секретар Филип Деспотовски. Некогашниот одбојкарски репрезентативец, а сегашен функционер, кажа дека турнирот е од големо значење за одбојката во Македонија и за подготовките за битката за ново Европско првенство.
„Сакам да се заблагодарам на семејството Хаџииљоски за овој турнир кој е од големо значење за нашата репрезентација. За поздрав е што овој турнир има голем одзив на одбојкарската сцена, доста е препознатлив. Можевме да бираме кој ќе игра на овој турнир, затоа што сите го прифаќаат. Исто така благодарност до Министерството за спорт и искрено се надевам дека Македонија ќе биде победник на овој турнир“, изјави Деспотовски.
Прв ривал на Македонија на турнирот „Чајка“ ќе биде селекцијата на Швајцарија (петти август од 17:45 часот“, следниот ден ќе се судрат селекциите на Швајцарија и Бугарија, а на затворањето на турнирот Македонија ќе се соочи со Бугарија. (седми август од 19:00 часот). Влезот за сите натпревари во салата ќе биде слободен.
Последните два меча од квалификациите за ЕП против Грција и Грузија се играат на 13 август во Атина и на 17 август во Скопје.