Деспотовски: Турција ниеднаш не си велеше „ајде да ја стигнеме Македонија“...

Тешко попладне имаше одбојкарската селекција на Македонија, затоа што немаше шанси да изненади против Турција и загуби со максимални 0-3 во сетови (20-25, 23-25, 13-25).

Филип Деспотовски беше критичен кон себе и соиграчите.

„Се боревме во првите два сета, а криво ми е за последниот сет во кој делуваше како да се предадовме, но не го направивме тоа. Турција ни ја скрши играта. Секогаш можеме подобро, но проблем кај нас е што ние бркавме цело време. Турција не размислуваше „ајде, ајде, да ја стигнеме Македонија“, туку ние бевме во таква положба. Сега следи Русија, ривал за кој нека мислат Американците и Германците“, изјави Деспотовски.

Македонија покрај од Турција, на ЕП загуби и од Финска. Третиот натпревар е против Русија, закажан в сабота во терминот од 17:30 часот.