Деспотовски: Данците ја сменија „хартијата“... нема веќе посилен – послаб

Македонскиот техничар Филип Деспотовски дојде до бројката од 100 настапи за репрезентацијата, меѓутоа јубилејот не успеа да го круниса со успех и злато во Сребрената европска лига. Искусниот 34-годишен играч по мечот потенцира дека жали за пропуштеното и најави подобри подготовки за ЕП.

„Не можам да наведам некоја причина за поразот, се лизнавме. Данците одиграа на врвно ниво со кое ние не можевме за жал да се справиме. На хартија можеби противникот е послаб од нас, но таа хартија сега веќе е сменета. Противникот многу грешеше на почетокот, сега, дали тоа беше некоја лажна слика или ние тргнавме добро не можам да знам, но потоа паднавме. Ќе видиме како го загубивме мечот на домашен терен. Тоа ми е посебно жал. Мора да бидеме подбори на ЕП“, изјави Деспотовски.

Македонија досега има четири сребрени медали во Сребрената европска лига, еднаш беше бронзена, а еднаш заврши четвртопласирана на турнирот.