Десет интернационалци и петмина од Џио Струмица на списокот за ЕП во одбојка

Селекторот на македонската одбојкарска репрезентација, Никола Матијашевиќ го објави списокот на репрезентативци за Европското првенство во септември. Десет интернационалци и петмина одбојкари на првакот Џио Струмица доминираат во списокот. 

Повикани одбојкари: 
Ѓорѓи Ѓоргиев
Филип Деспотовски
Марко Јуниор Стошиќ
Никола Ѓоргиев (капитен)
Марјан Урдов
Александар Љафтов
Владо Милев
Александар Милков
Васе Михаилов
Стојан Илиев
Лука Костиќ
Ѓоко Јосифов
Иван Андонов
Филип Маџунков
Славе Наков
Дарко Ангеловски
Филип Николовски

Репрезентативците ќе се соберат на 2 јуни и во Скопје ќе тренираат до 2 јули. Потоа одбојкарите се селат во Маврово и ќе работат од 14 јули до 14 август во нашиот зимски центар. Првите тестови пред Европското првенство предвидени се за 30 и 31 август. Имено, во Скопје ќе се одржи меѓународниот турнир „Бранко Хаџи-Иљоски Чајка“ на кој ќе настапат Македонија, Бугарија, Белгија и Украина. Завршните подготовки нашата селекција ќе ги одработи во Австрија и Словенија. 

Македонија на Европското првенство е дел од групата Ц која ќе се игра во Љубљана. Наши ривали се домаќинот Словенија, Русија, Турција, Финска и со Белорусија.