Дербито и +5 на врвот за одбојкарките на Работнички-Жени

Во скопското дерби од второто коло во втората фаза, Работнички-Скопје повторно не успеа да го запре победничкиот чекор на Работнички-Жени, Наковски волеј го совлада шампионот Јанта волеј на гости и се доближи до второто место, а Виктори волеј оствари значаен триумф над Пелистер волеј во трката за пласман во разигрувањето. Македонија Макс минува низ најпријатниот дел од сезоната, додека, пак, УГД Студент–Жени се коригираше за поразот во првиот настап пролетва

Втора фаза - 2. коло: 
Работнички–Жени – Работнички-Скопје  3-1 (25-19, 19-25, 25-19, 25-8)
Јанта волеј – Наковски волеј 1-3 (25-23, 23-25, 17-25, 11-25)
Виктори волеј – Пелистер волеј 3-1 (25-14, 25-22, 19-25, 25-13)
Универзитет во Тетово – УГД Студент–Жени 1-3 (25-21, 17-25, 17-25, 13-25)
Македонија Макс – Ускана 3-1 (25-17, 22-25, 25-16, 25-14)
Слободен: Бами Кор

Работнички-Жени води со 35 бода, пет повеќе од второпласираниот тим на Работнички-Скопје.