• Зоран Мишевски

Според пласманот во првенството, само два резултата од четвртфиналето во македонскиот одбојкарски куп може да добијат изненадувачки призвук. Универзитет во Тетово ја совлада Лирија во четири сета и обезбеди место на завршниот турнир на крајот на март, на којшто ќе бидат и бранителот на пехарот Струмица Никоб, Шкендија и ГОК Борец, а тоа се трите најдобри екипи во шампионатот.
Кај дамите, победата на Вардар жени над Фит фан волеј во четири сета не одговара на досегашните резултати во лигата, а на другите соочувања од четвртфиналето фаворитките не загубија сет, па Работнички Скипје ќе се обиде да ја задржи круната во конкуренција на Јанта волеј и на Наковски волеј.
Четвртфинале (мажи):
Струмица Никоб – Весна Пробиштип 3-0 (25-13, 25-11, 25-16)
Шкендија – Работнички 47&22 3-0 (25-13, 25-12, 25-20)
ГОК Борец – Штип УГД 3-1 (25-14, 22-25, 25-16, 25-20)
Лирија – Универзитет во Тетово 1-3 (25-22, 21-25, 18-25, 22-25)
Четвртфинале (жени):
Работнички Скопје – Вардар ЕМ 3-0 (25-12, 25-19, 25-14)
Јанта волеј – Пелистер волеј 3-0 (25-19, 25-11, 25-19)
Наковски волеј – Младост УГД 3-0 (25-20, 25-18, 25-20)
Фит фан волеј – Вардар жени 1-3 (13-25, 25-22, 21-25, 19-25)