Дарко Ангеловски останува во Работнички и следната сезона

Македонскиот репрезентативец Дарко Ангеловски нема да менува средина и во новата сезона ќе остане да ги брани боите на тимот на Работнички.

Одбојкарот роден во 1994 година пристигна во Работнички минатата сезона од тимот на ОК Вардар, а двете страни се договорија за продолжување на соработката. Либерото и клубот постигнаа едногодишен договор.

Популарниот Шаби настапи со Македонија на Европското првенство на кое се дојде до осминафиналето што е историски резултат. Низ кариерата играше уште и за ОК Будва од Црна Гора, Униреа Деј од Романија и Ниш од Србија.