Данска преку пресврт ја „среди“ Унгарија и закажа финале со Македонија

Одбојкарската селекција на Данска е противникот на Македонија во финалето од Сребрената Европска лига. Во второто полуфинале Данците иако имаа негатива од 1-0, успеаја да направат пресврт (3-1) и по третпат за само две седмици ќе ги одмерат силите со нашата селекција, но сега влогот ќе биде многу поголемо, поточно злато во ова натпреварување.

Стартот на дуелот во Струмица го красеше борбена и квалитетна игра на двете страни, а Унгарците како да беа поконцентрирани во финишот од првиот сет и со минимални 26-24 се изборија за почетно водство од 1-0. 

Но, противникот на нашата селекција од групната фаза експресно се сезоде и со моќна игра во следните два направи комплетен пресврт и поведе со 2-1 во сетови. Во вториот Унгарија успеа да освои 17, додека во третиот Данска доминираше и на противникот му препушти само 11 поени. 

Ништо не се промени ниту во четвртиот сет, затоа што Данска ја искористи психолошката предност и so 27-25 се доближија на еден чекор до посакуваниот трофеј.

  • Комплетниот натпревар меѓу Унгарија и Данска: 

Финалето во Сребрената европска лига се игра утре со почеток од 20:00 часот. На последните две соочувања на Македонија и Данска резултатот е 1-1, откако во Струмица славеа гостите, додека нашите момци им се реваншираа на дуелот во Шлагелсе.