• Зоран Мишевски

Репрезентацијата на Словачка славеше над Црна Гора со 3-0 (25-18, 25-17, 25-15) во вториот натпревар на традиционалниот турнир „Бранко Хаџииљоски – Чајка“.
Коректорот Михаловиќ беше најдобар и најефикасен поединец на натпреварот со 14 поени, а Кришко со 11, Патак и Крајчовиќ со по девет одлично го следеа. Кај Црна Гора, Чулафиќ освои девет, Бојиќ седум, а Чачиќ шест поени.
В сабота од 20.00 часот нашите најдобри одбојкари ќе се соочат со Словачка, а победникот ќе го освои првото место на Меморијалниот турнир. Израелската репрезентација требаше да учествува на турнирот, но заради позитивни случаи на ковид-19 го откажа учеството.