• Зоран Мишевски

По двата тест натпревари во Србија, македонската одбојкарска репрезентација се врати во Скопје и се подготвува за последната „глазура“ пред Европското првенство. Од четврток до сабота во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје ќе се одржи 45. Меморијален турнир „Бранко Хаџииљоски-Чајка“.
Репрезентациите на Црна Гора, Израел и Словачка се учесници покрај нашиот национален тим, што е добра можност за сериозни проверки на селекторот Душко Николиќ.
Меморијал „Бранко Хаџиињоски-Чајка“
Четврток:
17:00 - Израел – Словачка
20:00 - Македонија – Црна Гора
Петок:
17:00 - Словачка – Црна Гора
20:00 - Македонија – Израел
Сабота:
17:00 - Црна Гора – Израел
20:00 - Македонија – Словачка
Низ историјата турнирот го освојувале Љуботен, Вардар, Работнички, неколку бугарски екипи итн...
- Сите освојувачи на турнирот „Бранко Хаџииљоски - Чајка“:
