Чикаго ќе биде домаќин на Лигата на нации во одбојка за мажи

Aмериканскиот град Чикаго и „Кредит Унион 1 Арена“ ќе бидат домаќини на завршниот турнир на Лигата на нации во одбојка во машка конкуренција оваа година. „Фајнал-сикс“ на најскапото светско одбојкарско натпреварување ќе се одржи од 11-14 јули, а претходно предвидени се 20 групи и вкупно 130 натпревари по кои ќе бидат познати учесниците.

Со оглед на домаќинството, САД без разлика на исходот во својата група ќе биде учесник на завршниот турнир, а останатите пет селекции ќе бидат добиени со посредство на квалификации.

Првото коло е закажано за 31 мај, а трофејот од минатата сезона го брани селекцијата на Русија, oткако во Лил минатото лето убедливо ја освои титулата.