Четири поени во еден сет и убедлив пораз за Македонија од Турција во Таранто

Женската одбојкарска репрезентација на Македонија го доживеа првиот пораз на Медитеранските игри, откако загуби во воведниот натпревар од селекцијата на Турција со максимални 0-3, по сетови 4-25, 16-25 и 15-25. 

Нашите девојки беа далеку послаб ривал и сосема заслужено запишаа пораз, кој беше најавен уште во првиот сет, кога освоија само четири разочарувачки поени. 

Македонската репрезентација се натпреварува во групата Б. Следен противник ќе ѝ биде селекцијата на Косово, со која се среќаваме на 24 август. 

Два дена подоцна играме со Грција, а на 27 август ја затвораме групната фаза со натпреварот против репрезентацијата на Алжир.