Чешка немаше сили за нова сензација и му го „препушти“ полуфиналето на Словенија

Репрезентацијата на Словенија го продолжува походот кон европскиот врв и е последен учесник во полуфиналето на континенталниот одбојкарски собир.

Европскиот вицешампион од пред две години покажа моќ против четвртфиналната сензација Чешка (го елиминира олимпискиот шампион Франција) и со убедливи 3-0 (25-21, 25-19, 27-25) го трасира патот кон четирите најдобри селекции на стариот континент. 

Во полуфиналето Словенија ја чека сериозен испит, затоа што за противник ја има селекцијата на Полска, која синоќа го елиминира олимпискиот вицешампион Русија, со 3-0.

Второто полуфинале го сочинуваат бранителот на титулата Србија и Италија, која денес беше сигурна против Германија.а