• Мартин Танасковски
Претседателот на ОФМ, Петар Јовановски и генералниот секретар Филип Деспотовски се дел од 47. Генерално Собрание на Европската одбојкарска конференција (ЦЕВ) во Милано.
Првиот човек на македонската одбојка учествуваше на состанок на Бордот на ЦЕВ, а челниците на ОФМ имаа и состанок во рамките на Зонската асоцијација (БВА).
Првите луѓе на Федерацијата ќе имаат и работни состаноци со дел од претставниците на другите Федерации, а ќе присуствуваат и на полуфиналните и финалните натпревари од Европското првенство.