ЦЕВ стави крај на европската сезона, шампиони нема да има

Европската одбојкарска конфедерација (ЦЕВ) нема да подели ниту еден трофеј планиран за клупската сезона 2019/20. Тоа значи дека сезоната е завршена за Лигата на шампионите, ЦЕВ и Челинџ Купот. 

Само едно писмо од ЦЕВ, потпишано од претседателот Александар Боричиќ, стави точка на сите натпреварувања под нејзина капа оваа сезона , кои стигнаа до четвртфиналната фаза. 

Паричните средства кои веќе биле обезбеди за освојувачите ќе бидат поделени на сите клубови кои останаа во игра, додека парите од билетите од финалето на Лигата на шампионите, кое требаше да се игра на 16 мај во Берлин, ќе им бидат вратени на купувачите. 

Претходно, се донесе одлука за одложување на Златната и Сребрената лиги во репрезентативна конкуренција, како и квалификациите на јуниорските селекци за Европските првенства во конкуренција до 17, 18, 19 и 20 години.