ЦЕВ со поддршка среде пандемија: Сега сите сме еден одбојкарски тим!

Во услови кога Европската одбојкарска конфедерација откажа низа натпреварувања поради здравствената криза, денот на победата над фашизмот, како што на континентот се нарекува „Ден на Европа“, исто така, не содржеше активности на одбојкарските терени. За да се заблагодари на 56-те федерации за нивниот придонес во надминувањето на актуелните проблеми со коронавирусот, ЦЕВ објави видео со кое сака да потенцира дека сега повеќе од кога било, сите сме еден одбојкарски тим.

Во духот на солидарноста и на заедништвото, ЦЕВ и националните федерации ќе продолжат да ја поддржуваат борбата против болеста со надеж дека одбојкарскиот спорт набрзо ќе се врати во нормален тек. ЦЕВ ја откажа Европската лига за годинава, а уште се разгледува можноста квалификациите за Европското првенство во 2021 година да се одржат во првично планираниот термин, односно во август и во септември. Во нив македонската репрезентација е во група со Турција, со Данска и со Босна и Херцеговина, а тоа значи дека имаме реални шанси вторпат да се пласираме на континентален собир. Дебитантскиот настап се одржа минатата сезона во Љубљана.