• Саше Љолес

Европската одбојкарска асоцијација (ЦЕВ) ја прослави 50-годишнината од своето постоње, со гала-церемонија која се одржа во главниот град на Италија, Рим.
На настанот присуствуваа сите претседатели на одбојкарските федерации, а меѓу присутните беше и претседателот на ФИББ, Ари Граса Да Силва Фиљо, кој доби специјална награда за поддршка на Европската одбојкарска конфедерација. Признанието му беше врачено од првиот човек на ЦЕВ, Александар Боричиќ, како знак за благодарност и пријателство.
Сите претседатели на федерации, па и македонскиот, добија и специјално изработени медали кои го слават „златниот“ јубилеј на европската одбојка. Одбојкарската конфедерација (ЦЕВ) е основана на 9 септември, 1973 година, во Хаг, Холандија.
Јубилејната година за европската одбојка кај нас ќе остане запаметена како историска, поради успехот што го направија нашите одбојкари. „Спартанците“ првпат успеаја да ја минат групната фаза, се пласираа во осминафиналето на континенталниот собир, чии ко-домаќини бевме и ние како земја. Македонија немаше сили во осминафиналето против силната Италија, но сепак, останува впечатокот дека нашите момчиња одиграа уште еден квалитетен турнир.