Бугарија по исто сценарио во четири сета ги надигра македонските одбојкари

Со четири порази во исто толку натпревари од објективно посилната бугарска репрезентација, Македонија ќе ги дочека квалификациите за Европското првенство во одбојка. Идентично како вчера, и во втората пријателска средба против Бугарија во Софија, македонските одбојкари загубија со 1-3 (23-25, 17-25, 25-22, 20-25).

Никола Ѓорѓиев со 14, односно 10 поени беа нашите најсветли точки. Сепак, Бугарите покажаа поголем квалитет и подолга клупа и заслужено се радуваа.

  • Комплетниот натпревар меѓу Бугарија и Македонија: 

Сепак, нашиот национален тим имаше корисни тестови пред стартот на квалификациониот турнир, в понеделник во Скопје. Вечерва националниот тим се враќа во Скопје, одбојкарите добиваат слободен ден, а од петок ќе се вратат на тренинзи.

Квалификации за ЕП 2021 (распоред)
11 јануари: Македонија – Босна и Херцеговина (18:00)
12 јануари: Босна и Херцеговина – Турција (18:00)
13 јануари: Македонија – Турција (18:00)
14 јануари: Македонија – Босна и Херцеговина (18:00)
15 јануари: Турција – Босна и Херцеговина (18:00)
16 јануари: Македонија – Турција (18:00)

За да се дојде до ново Европско првенство, потребно ни е прво место во групата или, пак, да бидеме меѓу петте најдобри второпласирани репрезентации во седумте групи.