• Горан Упале
Одбојкарките на Младост УГД направија крупен чекор кон пласман во полуфиналето од плејофот во Првата лига жени, откако во првиот четвртфинален дуел славеа убедлива победа од 3-0 (25-19, 25-19, 25-15) против ЖОК Вардар ЕМ Скопје.
Натпреварот, кој се одигра попладнево во Скопје, донесе доминација на гостинскиот состав од самиот почеток. Штипјанки влегоа мотивирано и концентрирано, контролирајќи го ритамот во сите три сета, а со тоа и дојде убедливата победа.
Со овој триумф, Младост УГД направи важен исчекор кон пласман меѓу најдобрите четири екипи во лигата. Реванш натпреварот е закажан за 4 април во Штип, каде што домаќинките ќе имаат можност пред своја публика да го потврдат пласманот во полуфиналето.