• Иван Димовски

Поранешната репрезентативка на Бразил во одбојка, Ана Паула Борго ја загуби битката со тешката болест и почина.
Иако имаше само 30 години, Паула Борго беше тешко болна, имаше тумор во абдоменот и не успеа да ја добие најтешката борба, за животот. Бразилката се откажа од активното играње одбојка во септември.
Последен клуб во кариерата и беше италијански Волеј Бергамо, претходно играше и за турски Кале, а во родната земја настапуваше за Сао Каетано, Пинхеирос, Финаса/Осаско, Праиа и Флуминенсе.
Паула Борго пред шест дена беше хоспитализирана, меѓутоа ниту докторите не успеаја да ја спасат од тешката болест.