Бразилциге во тимот на Борец пресилни за младата Македонија Џио

Очекуван резултат во последниот натпревар од деветтото коло на одбојкарскиот шампионат на Македонија. Седма првенствена победа запишаа одбојкарите на Борец од Велес, кои со 3-0 во сетови (25-15, 25-17, 25-13) ја совладаа Македонија Џио во Струмица.

Младиот струмички состав се обиде да понуди силен отпор и да му ја отежне работата на ривалот, но не успеа во тоа иако делуваше мотивирано, особено во првите два сета.

Во редовите на Борец тандемот бразилски интернационалци Басто и Оливеира беа најефикасни со 17, односно 11 поени, додека во тимот на Македонија Џио, Петров запиша 12 поени.