• Горан Упале
Женската одбојкарска репрезентација на Бразил приреди големо изненадување и обезбеди пласман во финалето на Лигата на нации, откако во драматично полуфинале ја совлада фаворизираната Италија со 3-2 во сетови. Со ова, Бразил петти пат ќе игра за златото во ова натпреварување.
Италијанките подобро го отворија натпреварот и го освоија првиот сет со 25-21, но Бразил веднаш возврати и со 25-21 израмни на 1-1. Вистинската драма следуваше во продолжението. Бразил по голема борба го освои третиот сет со 26-24 и дојде на чекор до финалето, но Италија не се предаде и со 25-21 го одведе полуфиналето во решавачки петти сет.
Во „тај-брејкот“ Бразилките беа подобри кога беше најпотребно. Ја презедоа контролата и со убедливи 15-12 ја запечатија големата победа за конечни 3-2. Херој на Бразил повторно беше Ана Кристина, која одигра клучна улога во елиминацијата на Италија и пласманот во мечот за трофејот.
Бразил со оваа победа уште еднаш покажа дека има рецепт за Италијанките, oткако во јуни годинава ги совлада со идентични 3-2 и ја прекина нивната неверојатна серија од 39 последователни победи.