Бразил и САД ќе се борат за титулата од Лигата на нации во одбојка

Во финалето на Лигата на нации во одбојка во женска конкуренција ќе се сретнат две селекции од американскиот континент. Бразил и САД извојуваа победи во полуфиналните дуели и утре претпладне во Кина ќе се борат за титулата.

Бразил убедливо ја надигра Турција со 3-0 во сетови (25-23. 25-15, 25-10), а САД беше подобар од Кина со 3-1 во сетови (25-11, 15-25, 25-17, 25-20).

Утре во 13:30 по средноевропско време во Нанџинг се игра големото финале, а мечот за третото место е предвиден за во 9:00 наутро. Победникот на Лигата на нации ќе добие најголема финансиска награда во историјата на женската одбојка.