Бразил и Полска одиграа сет со 74 поени, „кариоките“ доминантно до четвртфинале на ОИ

Женската репрезентација на Бразил со максимални три победи ја завршува групната фаза на Олимписките игри, откако во последното коло славеше над Полска со убедливи 3-0, по сетови 25-21, 38-36 и 25-14. 

Полјачките се „истрошија“ во вториот сет, кој понуди огромна драма и се одиграа вкупно 74 поени, нешто што е вистинска реткост во одбојката. Бразил ја искористи ситуацијата и во третиот сет на доминантен начин го завери триумфот со кој го потврдија првото место во групата Б.

Јужноамериканската селекција во четвртфиналето ќе се соочи со селекцијата на Доминиканската Република, која претходно загуби од Кина со 3-1, но се пласираше меѓу осумте најдобри како една од двете најдобри третопласирани селекции. 

Во преостанатите четвртфинални натпревари се среќаваат: Италија - Србија, САД - Полска и Кина - Турција.