Бошковска: Против Грција да се покажеме во подобро светло

Македонската женска одбојкарска репрезентација се подготвува за вториот натпревар од квалификациите за Европското првенство против Грција. По поразот од Австријките, сега сите сили се насочено кон дуелот против соседите. 

Во пресрет на натпреварот своите очекувања ги изнесе коректорката Мери Бошковска, која уверува дека Македонија ќе биде сè подобра и подобра.

„Сметам дека натпреварот со Австрија не го одигравме на максимално ниво. Поради тоа очекуваме подобра игра против Грција, која што е наш следен ривал. Всушност на тој меч ќе се обидеме да го прикажеме тоа што го подготвувавме во припремниот период, а не го покажавме во мечот со Австрија. Ќе биде тоа нова можност да го кренеме нашето ниво, а тоа е нашата главна цел“, изјави Бошковска.

Натпреварот меѓу дамите од Грција и Македонија се игра следната среда во терминот од 19:30 часот.