• Зоран Мишевски
Скопски Работнички доведе големо засилување пред почетокот на новата одбојкарска сезона. Интернационалецот Ангел Бошков минатата година кариерата ја продолжи во словенечкиот клуб Шоштањ Тополшица, а сега се враќа во татковината.
Бошков предходната година за првпат беше дел од сениорската репрезетнација каде што стекна искуство највисоко ниво и обезбеди продолжување на кариерата во Словенија.
„Кариерата ќе ја продолжам во Работнички. Ќе пробаме да го дигнеме квалитетот на нашата одобојка и да постигнеме нови големи успеси“, рече Бошков.
Работнички минатата сезона не успеа да се вмеша во битката за висок пласман, но во новиот шампионат ќе се обиде да ги нападне Струмица Никоб, ГОК Борец, Лирија, Вардар...