• Сашо Поповски

Екипата на Џио Струмица ја оправда фаворитската улога против Борец Велес и запиша лесна победа во три сета (25-15, 25-20, 25-17) во првото коло од втората фаза на Првата државна лига.
Струмичани покажаа надмоќ на самиот старт и со двоцифрена разлика го добија првиот сет. Тоа покажа кој е кој на овој меч, во кој гостинскиот тим немаше никаква шанса за изненадување.
Вториот сет донесе за нијанса поголема неизвесност, а судбината на велешани беше запечатена со рутински трет сет во корист на фаворитот.
Урдов со 13 и Костиќ со девет поени се истакнаа кај победничката екипа.