Борец започна со подготовки, тимот засилен со Шулајковски и Трајковски

Одбојкарите на Борец пред неколку дена ги стартуваа подготовките за новата сезона, во која имаат јасна цел пред себе, повторување на ланскиот резултат, односно влез во завршниот плеј-оф. Од клубот се горди што во своите редови имаат седум младински репрезентативци на Македонија.

Клучните одбојкари од ланскиот состав остануваат дел од тимот, а ОК Борец дополнително се засили со младинскиот репрезентативец Тино Шулајковски и Стефан Трајковски, двајцата од Универзитет Тетово. Засилување има и во стручниот штаб. Дејан Стојанов ќе му помага на досегашниот тренер Петре Жабев.

Со клубот се разделија Филип Блажовски, кој замина во скопски Вардар и Матеј Митев, кој ја својата кариера ќе ја продолжи во Шпанија, во екипата на Гран Канарија. Како дел од подготовките велешани ќе одиграат неколку подготвителни натпревари. Предвиден е тест натпревар со екипата на Пробиштип, а в сабота следува контролен натпревар со екипата на Шкендија во Тетово.

Новата сезона започнува на средина од месец октомври.