• Горан Упале
Одбојкарите на Штип УГД не ја даваат Куп-круната. Трета сезона по ред штипјани се освојувачи на Купот на Македонија во одбојка, а вечерва до „хет-трикот“ стигнаа со победа над Борец од 3-1 во сетови (25-17, 22-25, 34-32, 25-13).
Финалната средба во „Јане Сандански“ започна во знакот на штипските одбојкари кои со 25-17 стигнаа до почетно водство во сетови. Борец возврати идентично и експресно израмни на 1-1 (25-22), а одлучувачкиот момент се случи во третиот сет. Велешани не искористија дури пет сет-топки и Штип на разлика стигна до ново водство. По загубениот сет Борец падна психички и не најде начин како да се врати во игра. Противникот го искористи тоа и на убедлив начин стигне до голема победа за нов трофеј (25-13).
Денеска претходно, екипата на Вардар приреди големо изненадување во женското финале, совладувајќи го составот на Наковски Волеј.