• Зоран Мишевски
Велешки Борец му го зададе првиот „удар“ на шампионот Струмица сезонава во Првата машка лига, откако славеше пред својата публика со 3:2 (25:18, 20:25, 19:25, 25:22, 15:10) во четвртиот викенд од првенството.
Во дуел со многу надмудрувања, пресврти и подеми и падови во двата табора велешкиот тим остана фокусиран кога беше најпотребно. Прво за да се врати од негатива од 1:2, а потоа во „тај-брејкот“ да се избори за комплетен пресврт и победа, која е прва по 15 години над струмичкиот ривал.
Одбојкарите на Лирија, пак, исто така одиграа интересен дуел со Весна Пробиштип, во кој победникот беше решен во пет сета. И на оваа средба домаќинот најде решение како да се врати во игра и покрај тоа што губеше со 1:2, а потоа и да стигне до победа. Македонија Џио и Штип УГД запишаа сигурни победи на гостувањето кај Шкендија, односно Скопје.
Прва лига (м)
Четврто коло:
Скопје – Македонија ЏИО 0-3 (18-25, 24-26, 23-25)
Шкендија – Штип УГД 0-3 (22-25, 24-26, 18-25)
Лирија – Весна Пробиштип 3-2 (25-15, 18-25, 23-25, 25-20, 15-11)
Борец – Струмица 47&72 3-2 (25-18, 20-25, 19-25, 25-22, 15-10)
Јанта волеј – Сушево 10 ноември
Работнички 71&22 – Универзитет во Тетово 11 ноември
Четвртото коло кај мажите ќе биде комплетирано на почетокот на следната седмица, со оглед на тоа дека дуелот Јанта Волеј – Сушево се игра в понеделник, додека за в вторник е предвиден мечот меѓу Работнички 71&22 и Универзитет во Тетово.