• Горан Упале

Одбојкарите на Штип УГД и Борец ќе се борат за шампионската титула во Првата лига мажи, откако двата тима ја потврдија фаворитската улога и очекувано, во два натпревари ја затворија полуфиналната серија на плејофот.
Штип УГД пласманот во финалето го потврди со две максимални победи над Работнички 71&22 и најави дека сезонава ќе атакува на двојната круна.
Борец, пак, стави крај на доминацијата на Струмица 47&72, која во изминативе седум години во низа ја чуваше во свој посед шампионската титула. Велешкиот тим исто како и на првиот меч и во реваншот славеше со 3-1 во сетови. Во салата „Парк“ во Струмица домашните одбојкари тргнаа сигурно и поведоа со 1-0, но Борец се врати комплетно во продолжението и потврди дека ќе го одмери силите со Штип УГД и во борбата за вториот пехар сезонава.
Серијата од финалето на плејофот, која се игра во три добиени дуели, треба да стартува на средината на април, на терен на Штип УГД.