Блесок на Тијана Бошковиќ, Србија ќе ја брани европската титула

Женската одбојкарска репрезентација на Србија е првиот финалист на Европското првенство, чија завршница овој викенд се одржува во Анкара. Бранителот на титулата, спротивно од сите очекувања ја совлада селекцијата на Италија со 3-1 (25-22, 25-21, 21-25, 25-20). 

Девојките на Терзиќ покажаа конзистентност, во клучните моменти не потклекнаа и без треперење ги совладаа „аѕирите“.

Тијана Бошковиќ со 22 поени беше најдобра поединка во српскиот табор и практично сама освои еден сет против светските вицешампионки.

  • Извештај од натпреварот: 

Противник на Србија во финалето ќе биде поуспешниот од дуелот меѓу Полска и Турција.