ФОТО: Битолчанки позираа со новиот дрес, ќе го „сефтосаат“ на дербито со Струмица жени

Од година во години, битолски Пелистер волеј зазема сè поголема улога во македонската женска одбојка, а нивната одлична работа често пати е „наградувана“ од домашните компании кои даваат голема поддршка на овој проект.

Така, битолскиот прволигаш за новата сезона доби нов генерален спонзор, во компанијата „Цермат“, а со тоа доби и нова гарнитура на дресови. Синоќа, младите пелистерки позираа со новите дресови кои ќе ги „сефтосаат“ в понеделник на дербито со Струмица жени.

„Синоќа во салата „Д-р Јован Калаузи“ нашите одбојкарки ги облекоа новите дресови на кои се најде логото на реномираната битолска фирма Цермат. Пелистер повторно се одлучи за брендот „Спортика“, а новата комбинација од нивната нова колекцика на зелено-црна боја, делува навистина моќно. Пелистер волеј првиот настап со новите дресови ќе го има веќе во понеделник токму тука во Битола, на дербито во 3 коло против екипата на Струмица Жени со почеток во 18:00 часот“, велат од битолскиот клуб. 

Пелистер волеј одлично ја отвори новата сезона во домашнот шампионат и Струмица ќе ја пречека со две победи во првите две кола.