Без дерби во четвртфиналето од одбојкарскиот Куп на Македонија

Одбојкарската федерација на Македонија денес ги одреди четвртфиналните парови од Купот. Бранителоте на титулата Џио Струмица за противник го добија тимот на Дибра волеј, а во пресметката на состави од главната лигашка фаза, Вардар ќе се сретне со Весна Пробиштип. Шкендија ќе игра со Лирија, додека, пак, УГД Студент ќе сервира против Универзитет во Тетово. Тоа ќе биде соочување на екипи коишто во учествуваат во помалку атрактивниот дел, а тоа е Втората фаза-2.

Куп на Македонија (четвртфинале):
Дибра волеј – Џио Струмица
Весна Пробиштип – Вардар
Шкендија – Лирија
УГД Студент – Универзитет во Тетово

Првите натпревари од купот се закажани за 19 февруари, а реваншите се седум дена подоцна. Доколку резултатот во победи и сет-количникот биде идентичен, за пласман во полуфиналето ќе решава таканаречен „златен“ сет до 15 освоени поени.