• Саше Љолес
Одбојкарската федерација на Македонија реши комплетно да ги отвори вратите за сите љубители на овој спорт, кои бесплатно ќе можат да го проследат квалификацискиот натпревар на машката репрезентација против селекцијата на Грција.
Натпреварот против нашиот јужен сосед ќе се одигра в недела на 25 август во салата „Јане Сандански“, со почеток во 20:15 часот, а влезот ќе биде бесплатен за сите што сакаат да ги поддржат нашите момци да дојдат до првата победа во квалификациската група.
Се очекува голема посетеност и огромна поддршка за македонската репрезентација, која со победа ќе се пласира на завршниот турнир на Европското првенство.