• Зоран Мишевски

Одбојкарската федерација на Македонија донесе одлука да ги отвори вратите од СЦ „Борис Трајковски“ за сите симпатизери на одбојката кои сакаат да ги поддржат нашите сениорски репрезентации во годинешните настапи во Европската лига.
Стартуваат девојките на домашен терен. В сабота од 20:15 часот ќе ја пречекаат Австрија го во Европската Сребрена лига, додека мажите овој викенд ќе гостуваат против Украина во Златната Европска лига.
„Влезот за сите натпревари на нашите репрезентации ќе биде бесплатен. Ги отвораме вратите за на трибините во салата „Борис Трајковски“ за навивачите, сакаме поголема пддршка за двете наши сениорски репрезентации“, истакна генералниот секретар на ОФМ, Зоран Карановиќ.
Македонија во август и септември ќе биде домаќин и на една група на Европското првенство во машка конкуренција.