Берлин домаќин на одбојкарскиот Ф4 на ЛШ и во машка и во женска конкуренција

Европската одбојкарска федерација првпат одлучи завршните турнири на Лигата на шампионот и во машка и во женска конкуренција да се играат на едно место и во ист викенд. Берлин и „Макс Шмелинг Хале“, која собира 8.500 гледачи да биде домаќин на најспектакуларниот викенд во клупската одбојка на 18 и 19 мај.

Во последните десетина година „фајнал-фор“ турнирот на одбојкарите и одбојкарките беше раздвоен и се играше на различни места во интервал од седум дена. Годинава календарот е унифициран и програмата на завршниот викенд збогатена од четири на осум натпревари.

Титулите од минатата сезона ги бранат Зенит Казан во машка и Вакифбанк Истанбул во женска конкуренција.