Белгија, Бугарија и Украина гости на одбојкарскиот турнир „Бранко Хаџи-Иљоски Чајка“

Македонската одбојкарска репрезентација ја минува првата фаза на подготовки за Европското првенство, кое ќе го организираат четири земји на почетокот од септември, Избраниците на Матијашевиќ до 22 јуни ќе останат во Скопје, а потоа ќе ја билдаат формата во Маврово. Веќе се дефинирани и првите пријателски натпревари.

Шведска и Романија ќе бидат првите спаринг партнери за „црвено-жолтите“, а во август следува и организацијата на турнирот „Бранко Хаџи-Иљоски Чајка“. Потврдено е дека покрај македонската репрезентација на турнирот ќе учествуваат Белгија, Бугарија и Украина.

Пред Европското првенство ќе следат и два контролни натпревари против австриската репрезентација.

Дебито на шампионатот на стариот континент е предвидено против Финска.