• Саше Љолес
Женската одбојкарска репрезентација на Македонија интензивно се подготвува за првиот квалификациски меч за Европското првенство.
Нашите девојки на 28 август ќе се соочат против селекцијата на Грција, а своето видување го искажа примачката Антонија Баталаковска, која смета дека нашиот тим има уште поголем простор за напредок.
„Тимот работи напорно и непрекинато. Се трудиме да ја подобриме нашата стратегија и да се подобриме во техичко-тактичка смисла. Тренерите имаат јасна визија и се обидуваат да ја кренат нашата форма. Се надеваме на одлични резултати и секако одиме на победа против Грција“, изјави Баталаковска.
Македонија е во квалификациската група Ф, заедно со репрезентациите на Грција и Австрија. Натпреварот против нашиот јужен сосед ќе се одигра на 28 август во 19:30 часот.