Балов: Се подобруваме во повеќе сегменти, Македонија може да ја изненади Грција

Женската одбојкарска репрезентација со полна пареа се подготвува за квалификацискиот натпревар за Европското првенство против селекцијата на Грција. 

Нашите девојки се во завршната фаза од подготовките, а техничарката Јана Балов верува дека Македонија може да го изненади ривалот и да извојува важна победа. 

„Натпреварот со Австрија е зад нас. Покажавме голема борбеност и очигледен е напредокот во одредени сегменти, но знаеме дека можеме уште повеќе да се подобриме и тоа да го пренесеме на следниот меч против Грција.

Подготовките се при самиот крај, сите девојки се надеваат на подобри резултати и евентуален пласман на Европското првенство“, изјави Балов. 

Македонската репрезентација ќе отпатува во Солун, каде на 28 август ќе се соочи со домашната селекција на Грција. Почетокот на натпреварот е закажан за 19:30 часот.