• Саше Љолес

Македонската репрезентативка Тамара Атанасова ги изнесе своите очекувања од настапот на Медитеранските игри во Таранто, најавувајќи дека нашата селекција ќе патува со голема мотивација и желба за добри резултати.
Нашите девојки ќе ги одмерат силите со Турција, Грција, Алжир и Косово, а прв предизвик во групата Б ќе биде дуелот со нашиот јужен сосед.
„Минатиот пат не бев на собирот на репрезентацијата, но сега сум тука и сакам да се прикажеме во добро светло. Наидов на една прекрасна атмосфера и позитивна енергија, затоа сум скоро сигурна дека ќе имаме солидни резултати на Медитеранските игри.
Можам да ветам дека ќе одиграме максимално пожртвувано, со надеж дека ќе ја израдуваме нашата земја“, изјави Атанасова.
Македонските одбојкарки се подготвуваат веќе цела седмица, а мислите се секако насочени кон престижниот турнир, каде, според најавите, ќе се обидеме да оствариме неколку победи.