• Зоран Мишевски
Време е за европска одбојка во Штип. Македонскиот шампион вчера одржа прес конфренеција пред реваншот против првакот на Холандија, Орион Старс кој ќе се одигра во среда од 18:00 часот во спортската сала „Џексон“ во Штип.
Стојче Арсов направи осврт на мечот во Холандија, притоа нагласи дека се надева оти на домашен терен ќе покажат подобра игра.
„За натпреварот што беше минатата недела во Холандија, одигравме еден добар натпревар можам да кажам, нашиот противник премногу спремен и технички и тактички со еден сериозен буџет со кој располагаат. Резултатот можеби беше очекуван, можеби можевме да дадеме и поголем отпор, но ни фалат некои ситници што треба да ги комплетираме се надевам дека на домашен терен ќе покажеме подобра игра. Тие се фаворити и во среда“, рече Стојче Арсов.
Со оглед на тоа што настапува во нова сала и во градот постои нескриен оптимизам, штипјани се надеваат на добар впечаток и изненадување против првакот на Холандија.