• Зоран Мишевски
Машката одбојкарска репрезентација на Аргентина го доби најдолгиот сет во историјата на Лигата на нации со резултат 50–48 против Полска. Овој историски маратон се одигра во првиот сет од натпреварот во Гљивице синоќа. Полска подоцна успеа да направи целосен пресврт и да го добие целиот натпревар со 3-1 во сетови (48-50, 26-24, 25-19, 25-20).
Со овој резултат беше соборен претходниот рекорд во Лигата на нации, кој го држеа репрезентациите на Турција и Германија со резултат од 4-242, поставен во 2024 година.
До крајот на сезоната во Лигата на нации остануваат уште три турнири од 15 до 19 јули, а потоа завршниот турнир ќе се одигра во Кина на крајот од јули и почетокот на август.