Ангеловски: Атмосферата е одлична, атакуваме на победа против Хрватска (ВИДЕО)

Дарко Ангеловски, еден од клучните одбојкари во нашата селекцијата, смета дека атмосферата пред утрешната пресметка со Хрватска е одлична и верува дека со помош на публиката Македонија ќе се пласира во посакуваното финале во завршницата од Сребрената европска лига. 

„Јас сум тој кој што ја прави атмосферата позитивна во тимот. Да не бевме така сплотени и да не беше атмосферата толку позитивна, сигурно и резултатите ќе беа поинакви. Со тоа што во Данска славевме на сите три натпревари, тоа некако дополнително ми ја подигна атмосферата. Се надевам дека денес ќе бидеме на уште повисоко ниво. Ќе ги имаме навивачи и ќе атакуваме на победа. Хрватите ни се прва пречка за тоа финале, а ако победиме, ќе го чекаме победникот од дуелот меѓу Унгарија и Данска“, рече Ангеловски.

  • Комплетната видео изјава на Дарко Ангеловски: 

Натпреварот меѓу Македонија и Хрватска е закажан за попладнево со почеток од 17:00 часот, а потоа во салата „Парк“ во Струмица силите ќе ги одмерат Унгарија и Данска.