Ана Фасулева го засили грчкиот клуб Превеза

Македонската колонија на одбојкарки кои настапуваат во странство од ден на ден е поголема. 20-годишната Ана Фасулева која го носеше дреспт на струмички Наковски Волеј, а играше и за словачкиот Купеле Брусно, склучи договор за грчкиот одбојкарски клуб Превеза.

Соработката важи најмалку за една сезона, а Фасулева е првото странско засилување во историјата на клубот.

„Секогаш имам мотивација и големи очекувања од себе и од тимот за кој играм. По природа сум борец и секогаш давам максимум на тренинг и на терен. Со моја помош и искуство, верувам дека клубот ќе ги исполни своите цели за што повисок пласман во А дивизија“, изјави на промоцијата Фасулева

Ана Фасулева беше носител на играта на Наковски волеј, а беше дел од младинските погони на овој струмички клуб.