• Мартин Танасковски

Македонскиот одбојкарски повеќекратен шампион ОК Струмица 47&72 продолжува со формирањето на ростерот за новата сезона и официјално го претстави своето најново засилување.
Станува збор за американскиот одбојкар Тајлер Трип, кој во Струмица пристигнува од универзитетот Мекендри во САД. За него, Струмица ќе биде првата интернационална станица и тим за кој ќе игра во странство.
Трип е надворешен напаѓач, роден е на 23 февруари 2003 година. Неговата висина е 188 сантиметри, а доминантна рака му е десната.