Американска коректорка ќе игра во тимот на Вардар

Женскиот одбојкарски клуб Вардар донесе ново име во своите редови пред стартот на сезоната кое го промовира на клупските гласила и тоа доаѓа од Соединетите Американски Држави.

Од ЖОК Вардар објавија дека нов член на екипата Киша Хант. Девојката настапува на коректорската позиција и се очекува да биде освежување во тимот. 

Вардар во првото коло игра против Ускана. Најдобрите четири екипи ќе играат во разигрувањето за титула, а најдобрите две екипи од Втората лига директно ќе бидат промовирани во прволигаши.