Американките се вратија од загубено финале и ја „грабнаа“ Лигата на нации

Во антологиско финале во Кина, женската одбојкарска репрезентација на Соединетите Американски Држави ја освои Лигата на нации со победата во финалето против Бразил со 3-2 во сетови.

Во дуел кој траеше преку два часа, Американките имаа поголема ментална снага и со 15-13 го добија одлучувачкиот сет.

Бразил прокоцка 2-0 во сетови и по физичкиот пад загуби со 2-3 (25-20, 25-22, 15-25, 21-25, 13-15). Цел почетен состав на САД имаше феноменални бројки и статистика за восхит.

Во малото финале домашната кинеска селекција ја совлада Турција со 3-1 (25-23, 25-15, 20-25, 25-21).

„Фајнал-сикс“ во машката Лига на нации ќе се одржи во Чикаго во САД, а наскоро ќе бидат познати сите учесници на финалната разврска.